„На човек секој ден му се заканува опасност од друг човек.„
Сенека
Истакнувајќи го фактот дека религијата 1 е феномен кој го претставува колективниот дух, но притоа не заборавајќи дека таа е важна и за разбирањето на секоја индивидуа, како и за градењето на идентитетот, со овој труд, преку примери од балканските литератури сакаме да укажеме на важноста на проблемот на верскиот 2 синдром на балканскиот простор, на неговото доближување до националниот идентитет и на неговото искривоколчување во дваесеттиот век.
Тој доаѓа од доминацијата на западната цивилизација во балканските простори, која привидно верува во Господ, практикувајќи ги само традиционалните ритуали. Но, во суштина, нивните сфаќања се потпираат на идејата дека животот е борба, и од тука, заедно со животот е дадено и оружјето како средство за негово одржување. Ако е животот нужен, нужни се и средствата за негово одржување. Во таа нивна логика на непостоење на ограничувања и совладување на пречките по пат на насилство, слободата досегнува до границите на апсурдноста. Се губи човечноста, емпатијата, коректниот однос кон другиот. Се губи сe она што е во основата на религиските сфаќања. |