Почетна
Човекови Права
Мир
Форум
Форум
Фото Галерија
Книга на Гости
Chat
Извори

За Нас

<


За нашиот Тим
Пратено од Тимот на 16 Март 2005 @ 23:00 Print the page

 

 

 

 

 

Драган Милчевски - The Webmaster
Пратено од Webmaster на 16 Март 2005 @ 23:00 Print the page

Според мое мислење, кругот не е тркалезен. Секој почето има и крај. Јас цврсто мислам дека ние ќе успееме да изградиме мултиетничко општество и толеранција во нашата земја.

Нашата главна идеа беше да направиме одлична веб страна каде ќе бидат ставени правата на етничките заедници во нашата земја, што претставува база за градење на мултиетничко општество. Исто така форумот на страната ќе биде место каде сите етнички заедници ќе можат слободно да си го искажат своето мислење. Мора да бидеме сигурни дека нема да има етничка заедница во Македонија која ќе има привилегии. Сите нации се еднакви пред законот, државата и пред Бог.

Ако закате да дознаете повеќе за <мене> видете на мојата страна>>

 

 

Елена Георгиевска - Пребарувач
Пратено од Елена Георгиевска на 16 Март 2005 @ 23:00 Print the page

Моето име е Елена.Јас сум христијанка и често одам во црква.Ги славам сите христијански празници .Но мојот сосед е Ром,А мојот најдобар другар од летниопт камп е Албанец.Тие се муслимани и одат во џамија .Јас ја почитувам нивната ,а тие мојата религија,така ништо не ни пречи да другаруваме ,да се забавуваме ,да учиме и поголем дел од времето да го поминуваме заедно .Навистина се трудиме да бидеме вистински пример ,кои имаат различни сваќања.Но јас знам дека сите сме исти на земјата ,сите живееме на неа ,припаѓаме на една заедница наречена светот вчера,денес и во иднина .Нашите односи не ги менува бојата на кожата , расата ,религијата , јазикот на кој зборуваме , традицијата и обичаите , и ние би сакале да градиме вистински соживот и да им покажеме на другите дека таквиот живот е навистина подобар без никакви предрасуди и стереотипи.

Можеби таквите сваќања и размислувања за некои претставуваат фарса ,која тргнува од настаните ,кои се случија во 2001 година во западниот дел на Македонија поради некои политички проблеми за кои политичарите велат дека настанала како резултат на економската состијба и сиромаштијата во Македонија,територијалната поделба или етничките тензии во државата.Настанаа големи полемики и конфронтации помеѓу етничките групи ,кои доведоа до најтрагичниот наста наречен борба со оружје.

Можеби покасно ,но сепак политичарите и граѓаните сватија дека грешат ,дека од капка направија море ,но сепак се потрудија и сеуште се трудат да го подобрат овој проблем.Се потпиша и рамковниот договор,кој ни обезбедува мир,безбедност во државата и почитување на човековите права.Тргнавме по тој пат ,патот кон пријателството и подобрување на политичкиот ,културниот и социо-економскиот живот во државата.Така ќе бидеме и обединети ,и ниту јас ,ниту моите другари и етнички заедници нема да се плашиме што ќе биде од нашето пријателство како резултат на раздорот на останатите граѓани во државата и светот .Ние сме свесни за последиците ,кои можат да настанат и со кои треба да се соочиме ,но затоа нема да дозволиме тие да се случат.Ќе бидат спречени пред да настанат.Проект от шсто го правиме денес е да го привлечеме вниманието на сите останати млади и проектот да биде предизвик да градиме вистински меѓуетнички соживот .Тоа сме ние ,а вам ви останува да ни се придружите .Ние сме отворени за секого и секаде ,а се надеваме дека ќе ги отвориме вратите на дипломатијата .Ајде да ги изговориме полека,сигурно и самоуверени зборовите :

``Заедно сме посилни``

Сега сме на иста фреквенција.

 

Ивана Антовска- Лице за контакти
Пратено од Ивана Антовска на 16 Март 2005 @ 23:00 Print the page

Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите ” се зборови на големиот македонски револуционер и идеолог, уште од времето на илинденскиот период т.е. кажани пред повеќе од еден век,Гоце Делчев.Со нив , јасно ни дава до знаење за неговиот став кон народите и меѓусебниот соживот.Едноставно кажано , идејата за светот како глобално село не е ништо ново, туку напротив речиси вековен стремеж.И ако таквата идеја и цел била стремеж пред повеќе од еден век , денес не треба да се размислува за истата , туку таа да биде веќе имплементирана во нашето секојдневие.

Нашата земја како пример за мултиетничка држава , треба да бида пример и за меѓусебно почитување и однесување на нациите.Да го покажеме нашиот вистински став и мислење , за да докажеме дека не сме балкански варвари, туку луѓе со висока култура и традиција.А сето тоа ќе го постигнеме доколку предсе ние младите не дозволиме да бидеме заведени од одредени радикални идеи на луѓе кои не го гледаат светот како единство , туку како разделена целина со која полесно би можеле да управуваат.

И јас , како дел од денешната младина на Македонија ,чуствувамдека можам да бидам дел од меѓуетничкиот соживот , и да не ги гледам луѓето како припадници на една или друга етничка група.И колку и да звучи како клише , но светот останува на младите.Како ќе бидат воспитани тие и какво ќе биде нивното однесување , зависи и каква ќе биде иднината на дажавата а следствено на тоа и целиот свет.Затоа да внимаваме на нашето однесување , за да си го подобриме светот како наше место за живеење , барем да се обидеме да га подобриме “ наследството ” од нашите предци и да оставиме нешто подобро за идните генерации.

 

Александра Илиевска
Пратено од Александра Илиевска на 16 Март 2005 @ 23:00 Print the page

Како во секоја држава така и кај нас потребно е да има мир и толеранција меѓу националностите во неа за да може дражавата успешно да напредува на сите полиња па така јас лично сметам дека со нашиот проект “ Градиме меѓуетнички соживот ” значително ќе се подобрат односите меѓу националностите со тоа што ќе ја разбудиме свеста како кај постарите така и кај помладите жители дека треба да постои соживот меѓу сите , да се прекинат досегашните предрасуди и пренесувања на одредена одбивност од родители кон деца посебно кога станува збор за Албанците.

Мое мислење е дека со нашиот проект сите ќе бидат заинтересирани за поголемо меѓуетничко запознавање, да сфатиме дека всушност ние сме сите исти без разлика од која националност припаѓаме, сме жители на иста држава и како такви треба да се бориме за неа , а тоа можеме секако да го оствариме доколку сме сите заедно , почитувајќи се меѓусебно со сите разлики како во религијата , културата , јазикот и сите карактеристики што не разделуваат но затоа сме се нашле на исто место заедно да живееме и да градиме меѓуетнички соживот.Зошто само на тој начин може да тргнеме по вистинскиот пат , да ни се уште подобрат односите со соседните земји и да ни се отворат вратите кон европската унија .Секогаш тргнувајќи од тоа дека заедно сме посилни , ќе успеееме во целта без разлика колку би била таа тешка , ние секако би успеале бидејќи сме заедно а како такви сме непобедливи пред секое пречка поставена од нашиот непријател .Затоа ајде сите заедно да зачекориме кон патот на мирот и демократијата односно меѓуетнички соживот

 

Розе Стаменковска - Водач
Пратено од Розе Стаменковска на 16 Март 2005 @ 23:00 Print the page

 

 

 

Желеанка - проф. по Англиски јаз.
Пратено од Желеанка на 16 Март 2005 @ 23:00 Print the page

 

 

 

 

School Connectivity Ценатр за подршка
Пратено од Розе Стаменковска на 16 Март 2005 @ 23:00 Print the page

 

 

 

 

 

Mail

Изберете јазик за приказот

МакедонскиАнглиски

 

Up | Search | Sitemap | Visitors | Web master | Homepage